Манчестер
јунајтед добил јасни сигнали дека може да го ангажира фудбалерот на Барселона,
Осман Дембеле на „попуст“ за 60 милиони фунти, ова е голема разлика во сумата
која Каталонците во 2017. ја издвоија за него.
Дембеле во
Барселона се пресели пред три години по трансферот од Борусија Дортмунд вреден
цели 135 милиони фунти, меѓутоа Каталонците од младиот Французин добија само
недисциплинирани потези и повреди, и веројатно жалат за тој трансфер.
Како и да е, „Црвените
ѓаволи“ ги разгледуваат сите финални сценарија за последниот ден (утре) од
преодниот рок, а воедно се во потрага по алтернативните опции кои им се во однос
на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, кој барем засега е невозможна мисија за
Премиерлигашот.
„Дејли Мирор“
известува дека во Барселона веќе испратиле зелено светло за продажба на 23
годишниот Дембеле и тоа за 75 милиони фунти помала цена отколку што издвоија
претходно.
Медиумот
дополнително наведува дека ниту Дембеле, ниту Барселона не е заинтересирана за
позајмица, така што преостанува само дефинитивен трансфер за Каталонците да се
ослободат од „вишокот“ во својот состав, а се најавува ангажман на Мемфис Депај
од Лион кој е голема желба на шефот на стручниот штаб на Барселона, Роналд
Куман.