114
Манчестер јунајтед му даде многу висока плата на Санчез со цел да го добие неговиот потпис, неделните примања на Чилеанецот се 500.000 евра, а неговите игри не вредат ни евро.
Санчез нема да си замине сам од Јунајтед за помала плата, а нема клуб кој ќе му даде толку колку што добива сега, па „црвените-ѓаволи“ се подготвени да го дадат на позајмица и да му плаќаат половина од платата.
Неговите годишни примања се 26 милиони евра, тоа значи дека со овој потег Јунајтед ќе заштеди 13 милиони евра за плати.
Дополнително клубот не сака да го даде на екипа од Англија, преферира да му најде ангажман надвор од островот.