94
Манчестер
јунајтед уште на првиот натпревар ги реши сите дилеми со победа од 3-0, но Жозе
Мурињо не сакаше ништо да ризикува и со силен состав му се спротистави вечерва
на Сент Етјен.
Со голот на
Мхитарјан во 16. минута, „Црвените Ѓаволи“ стигнаа до нова победа и покрај тоа
што завршните 30 минути ги играа со играч помалку откако Баји за краток
временски период заработи два жолти картони.
Краснодар го
елиминираше Фенербахче откако на гостувањето во Турција се избори за 1-1, а со
ист резултат заврши и средбата помеѓу Шалке и ПАОК.
Клубот од
Гелзенкирхен го продолжува настапот откако на првиот натпревар во Солун победи
со 0-3.