Манчестер јунајтед без Погба на гостувањето кај ВБА

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед ќе биде без Пол Погба на гостувањето кај ВБА во недела во рамките на
24 коло од англиската Премиерлига, меч од големо значење за „Црвените ѓаволи“
доколку сакаат да ја продолжат трката за титулата во горниот дел од табелата.

Како и да е,
составот на фаворитот ќе биде подзасилен на некој начин со стоперот Ерик Баји,
кој се враќа на располагање на тренерот Оле Гунар Солшер, откако претходното
коло составот на Норвежанецот ремизираше дома со Евертон со 3-3, а веднаш потоа
со минимална победа по продолжение славеше над Вест Хем и обезбеди место во
четвртфиналето од ФА купот.

Погба е вон
комбинација за настап, Баји се врати на тренинзите и тоа е одлично за нашиот
тим
“ рече Солшер на денешната пресконференција.

Очекувањата се
Погба да отсуствува од терените неколку седмици по повредата која ја здоби во
ремито против „Карамелите“, а Французинот влезе во одлична форма претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×