Мамиќ уапсен во БиХ, хрватските власти ќе имаат проблем да го стават во затвор

by
1 минути читање

Припадниците на државната полициска агенција за истрага и заштита го уапсија хрватскиот фудбалски бос, Здравко Мамиќ во Босна и Херцеговина. Хрватските власти по него распишаа меѓународна потерница откако тој ја напушти земјата по изречена казна затвор од 6,5 години.

„Полицијата го лиши господинот Мамиќ од слобода. Во текот на денот тој ќе биде предаден во надлежност на судодот во БиХ“, потврди полицијата.

Според процедурата, Судот во БиХ ќе провери дали Мамиќ поседува и босанско државјасносто, па тој ќе се изнасни дали е против екстрадиција во Хрватска. Тој неколку пати изјави дека нема намера да лежи во хрватски затвор.

Во разговор зa „Кликс“, Мамиќ потврди дека доаѓа во Сараево каде во судот ќе се изјасни против екстрадиција во Хрватска.

„Ќе се изјаснам кој сум, што сум и каде сум. Одам на суд. Луѓето кои ме приведоа убаво се претставија и се помина во најдобар ред. Им кажав дека ги очекувам. Тоа го знае цела нација, мора да ме идентификуваат бидејќи е распишана меѓународна потерница“, изјави Мамиќ.

Мамиќ има двојно државјаноство и според законите во БиХ, властите на таа земја не ги екстрадираат своите државјани.

Мамиќ минатата недела беше осуден на 6 и пол години затвор бидејќи со матни зделки особено при трансферите на Модриќ и Ловрен го оштетил Динамо Загреб и буџетот на Хртватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани