396
Судот во Осјек денеска ја изрече пресудата за Здравко Мамиќ и останатите обвинети по повеќе точки меѓу кои затајување данок и примање мито.
Здравко Мамиќ е прогласен за виновен по сите точки и доби затворска казна од шест и пол години затвор, неговиот брат Зоран Мамиќ ќе треба да одлежи четири години и 11 месеци затвор, а нивните соработници Милан Пернар четири години и два месеци затвор и Дамир Врбановиќ три години.
Мамиќ ќе треба да врати и околу 52 милиони куни (7 милиони евра) нелегално стекнати пари.
Дел од обвиненијата се однесуваат на трансферите од Динамо Загреб на Дејан Ловрен и Лука Модриќ од кои се испрани милионски суми за кои е оштетен буџетот на Хрватска.