Лацио и Интер
одиграа 1-1 на „Олимпико“. Гостите поведоа по половина час игра, по еден слалом
на Перишиќ, топката стигна до Лаутаро а напаѓачот убаво се снајде и погоди за
водство на „нероаѕурите“.
По десетина
минути игра во вториот дел, домаќините изедначија. Милинковиќ Савиќ го надскока
Перишиќ на подалечната статива и со глава го матираше Хандановиќ за 1-1.
Во 70. минута, Видал
го собори Имболи, и кога се наведна да му се извини, напаѓачот со рака го удри
Чилеанецот во лице. Фудбалерот на Интер веднаш падна на тревата а судијата
извади црвен картон за голгетерот на Лацио.
По овој инцидент
имаше малку фудбал и многу нервоза на теренот. Во финишот исклучен беше и Сенси.
Гостинскиот играч имаше еден дуел со Патрик крај аут линијата за тоа на кого му припаѓа топката, малку го
закачи по лице а противникот падна како покосен, па беше покажан нов црвен
картон.