Малдини и Леонардо веќе го одбрале новиот селектор на Италија?

by 24 фудбал
1 минути читање

Паоло Малдини уште на почетокот од својата нова функција во Италијанската фудбалска федерација почнал да работи на изборот на нов селектор.

Според „Газета дело Спорт“, легендарниот дефанзивец заедно со Леонардо го турка Андреа Пирло како главен кандидат за клупата на „аѕурите“. Со тоа, Пирло се вклучи во трката во која досега како фаворити се споменуваа Антонио Конте и Роберто Манчини.

Малдини и Леонардо имаат одличен однос со Пирло уште од деновите кога заедно настапуваа за Милан, па веруваат дека токму тој е вистинското решение за нов почеток на италијанската репрезентација.

Останува да се види дали федерацијата ќе го прифати нивниот предлог и ќе му ја довери селекторската функција на поранешниот италијански репрезентативец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×