Максимир е опасен по живот

by
1 минути читање

Од поодамна е
јасно дека арената Максимир е во очајна состојба, а на Динамо Загреб му се
заканува забрана да настапува на својот стадион кој се чини дека е воедно и
опасен по живот.

Да Максимир
добие зелено светло за гледачи на трибините, некој треба да потпише за тоа, да
тврди дека се
е во ред, но,
со извинување, само луд човек би можел да потпише дека стадионот е сигурен

пишува „24сата“.

Дека арената во
Загреб е во катастрофална состојба, говори и увидот кој го направи
инспекцијата, по што беше залепена налепница за забрана на источната трибина,
објект кој привремено е неупотреблив.

Во доцниот
период од зимата, како и раната пролет, кога попушта ледот, се случуваше да
паѓаат камења на автомобилите паркирани под просториите на Динамо Загреб,
секако, голема е опасноста и за луѓето кои поминуваат под таа трибина
“ велат од
редарската служба.

Веќе на големо се
најавува дека Максимир ќе се прогласи за неупотреблив, дополнително, култниот
стадион би ја загубил и репрезентацијата, а нов домаќин на „Коцкестите“ би бил
Пољуд во Сплит.

„24сата“ додава
дека во случај Максимир да не добие зелено светло од УЕФА за домаќин на
натпревари од европските купови, Динамо Загреб има пет опции, Рујевица (Ријека),
Градски врт (Осијек), како и Пољуд (Сплис), три стадиони во Хрватска кои ги
задоволуваат строгите критериуми на УЕФА, а освен тие, опции се уште и
стадионот на Олимпија, клуб со кој Динамо е во одлични односи, а се споменува и
Будимпешта, сигурно дека Пољуд е последна опција за нив со оглед на фактот дека
овој стадион е на најлутиот ривал Хајдук.

Извор/Фото: 24sata.hr

Можно е и ова да ти се допаѓа

×