154
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе се судри со Казахстан во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство.
По ремито со Белгија (1-1), сега добрата серија треба да продолжи и во Астана, каде што ќе мора да се нападне победа. Тоа го посочија и македонските претставници по вчерашниот натпревар.
Време за одмор нема, а веќе денес македонската делегација летна кон Астана со јасна цел во мислите. Македонија мора да размислува само за победа во Казахстан, каде што ќе има доволно време за стабилизација и аклиматизација.
Бидејќи делегацијата ќе пристигне во Астана доцна вечерва, па веројатно единствениот тренинг ќе биде официјалниот по прес-конференцијата в недела.