Македонски голман од Вардар се пресели во Црвена Звезда

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Црвена Звезда ангажираше ново засилување во своите редови и тоа младиот голман Лука Грчевски кој досега беше дел од Вардар.

Грчевски подолго време бил на „радарот“ на српскиот гигант, а големо внимание на себе привлекол со настапот против Хрватска на селекцијата до 15 години.

Во Македонија важи за еден од најпреспективните голмани и во Звезда ќе се приклучи на кадетскиот тим кој е предводен од Марко Милиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани