Полска си
заминува со три бода од гостувањето во Скопје. Лидерот во нашата група не
одигра брлијантно но и покрај тоа стигна до победа од 0-1.
Клучниот момент
се случи на стартот од вториот дел. Само 65 секунди по влегувањето во игра,
Криштоф Пјонтек постигна гол. По еден корнер, нашата одбрана лошо расчисти, а
напаѓачот на Милан со ножички некако успеа да ја зафати топката, Но ударот не
беше силен, па настана мешаница во петерецот, Левандовски замавнаа во празно а
и голманот Димитриевски излета, па топката со голема доза на среќа заврши во
мрежата.
Македонија потоа
се обиде да стигне до реми, избраниците на Ангеловски имаа иницијатива и шанси.
Несторовски имаше убава прилика но Фабиански со одлична интервенција спречи
реми.
Полска со овој
триумф сега има 9 бода на табелата, Израел има 7 откако триумфираше на
гостувањето кај Латвија, Македонија е трета со 4 бода, а потоа следуваат
Австрија со 3, Словенија со 2 и Латвија која се уште нема освоено бод.