Ристо Јанков има нов клуб – 26-годишниот голман ќе застане меѓу стативите на повратникот во елитата, Македонија Ѓорче Петров.
„Лавовите“ се подготвуваат за новата сезона во Првата лига, а Јанков се очекува да биде значајно засилување на голманската позиција. Тој доаѓа од Шкендија, каде ја мина пролетната полусезона и се радуваше на шампионскиот трофеј со тетовчани. Во есенскиот дел настапуваше за Тиквеш, а сезонава собра 12 меча во првенството и уште четири во Купот на Македонија.
Публиката добро го памети по одличните настапи во дресот на Работнички, од каде направи трансфер во азербејџанскиот Каспиј, а потоа играше и за романска Политехника. Во 2024 година се врати во мак-фудбалот и беше дел од Брегалница, Тиквеш и Шкендија.
Договорот со Македонија ЃП е постигнат, а официјализација и потпис се очекуваат во наредните денови.