Македонецот Кировски го предупредува Милан: Ибра е под договор со ЛА Галакси, сакаме да го задржиме!

by
1 минути читање

Во последно време се почесто се говори дека Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во Милано. Денеска се говореше дека неговиот агент, Мино Рајола дури четири часа разговарал со лидерите на „Росонерите“.

Но ЛА Галакси не планира лесно да се раздели со Швеѓанецот, кој се покажа како вистински хит во МЛС шампионатот.

„Ибрахимовиќ е фантастичен играч, како за нас така и за целото првенство“ – вели Македонецот, Јован Кировски, кој е технички директор на ЛА Галакси.

„Тој е најдобриот фудбалер кој пристигнал во МЛС. Златан е убиец пред противничкиот гол, секогаш сака да победува“.

„Договорот на Ибрахимовиќ не е пред крај, има уште една година со нас. Сакаме да биде среќен и работиме на продолжување на неговиот престој во Галакси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани