Во финишот од
мечот, кога на Реал му беше потребно чудо и два гола за да избегне срамна елиминацина во
осминафиналето, на сцена стапи Ласе Шене, кој го дотолчи противникот со
мајсторија од слободен удар.
Данецот од многу
тешка позиција успеа да го лобува два метри високиот Тибу Куртоа, и овој гол
беше шлагот на тортата.
Goal #Schone 1-4 !!!#UCL #ChampionsLeague #Ajax#RealMadridAjaxpic.twitter.com/ekKJnCU3Bs
— SportRoundRobin (@SportRoundRobin) March 6, 2019
Сепак, на
Белгиецот не му е прв пат да капитулира вака, во сезоната 2011/12, беше матиран и од Лео
Меси на сличен начин. Тогаш во дресот на Атлетико Мадрид, на Куртоа му требаше
многу време да го намести живиот ѕид, па Аргентинецот го искористи тоа и погоди
во аголот на подалечната статива.