Во градското дерби на Ливерпул, црвените го загубија нивниот најдобар фудбалер, Вирџил ван Дајк на долго време, тој речиси ќе ја пропушти целата сезона поради опасниот старт на Пикфорд.
Тој старт предизвика голема дебата бидејќи Пикфорд не беше санкциониран. Судиите тогаш се правдаа дека не го исклучиле бидејќи бил суден офсајд и Ван Данјк се наоѓал во недозволена позиција.
Тие добија лавина критики, многумина сметаа дека без разлика на тоа што е офсајд, Пикфорд мораше да биде исклучен. По речиси три месеци, Мајкл Оливер си ја признава грешката.
„Сите, вклучително и јас, не мислевме на стартот толку колку што требаше. Можевме да досудиме офсајд и да го исклучиме Пикфорд. Тоа што ме изненади откако отпосле го гледав инцидентот е дека на теренот никој од фудбалерите не бараше да биде покажен црвен картон“, вели Мајкл Оливер.