Мачка му донесе казна од УЕФА на Бешикташ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дисциплинската комисија
при Европската куќа на фудбалот го казни минатогодишниот првак на Турција,
Бешикташ со 34 илјади евра поради пропустот кој го имаше на организациски план
во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во реваншот
против минхенски Баерн каде се
беше јасно уште по првиот меч, англискиот арбитар Мајкл Оливер ја прекина
средбата во Истанбул во второто полувреме, а причината беше поради тоа што на
теренот се појави мачка.

Покрај таа
причина, се наведува уште и блокирани влезови на трибинскиот простор, како и
однесувањето на навивачите кои фрлаа разни предмети на теренот.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани