43
Кавадаречкиот клуб потврди уште едно засилување, се работи за Мухамед Елмас кој стави поптис на договор со Тиквеш.
Братучедот на Елиф Елмас, Мухамед оваа сезона ќе го носи дресот на Тиквеш.
„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Мухамед Елмас како нов член на црвено-белото семејство!
Млад, амбициозен и мотивиран, Мухамед доаѓа во Кавадарци со желба да се докажува, да напредува и да даде свој придонес во новата приказна што ја градиме заедно.
Уште еден млад македонски фудбалер станува дел од нашиот проект и нашата визија за иднината“, стои во соопштението на клубот од Кавадарци.
Тиквеш има одличен старт на сезоната со две победи и десет дадени голови.