Лукаку фантастично се вклопи во Интер, постигна 14 голови во 22 натпревари од кои 12 во Серија А. Но има и многу поголем придонес од головите.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“, меѓудругото тој открива дека добил предупредување од Роналдо за тежината на Серија А кога е во прашање постигнувањето на головите.
„Роналдо ми рече дека ова е најтешката дефанзивна лига во светот“, вели Лукаку.
„Тој ми рече дека постигнувал голови секаде, но ова е најтешкото место на кое се прави тоа, и ако Кристијано Роналдо мисли дека е тешко, тогаш мора да е навистина тешко“.
Лукаку многу брзо се адаптираше на средината и за многу кратко време научи да комуницира на италијански јазик со соиграчите и тренерот.
„Веќе никој не зборува англиски со мене“.