Лукаку и Погба имале жестока расправија, дури го замешале и Салах?!

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку со
два гола ги предовдеше „ѓаволите“ до нов триумф, а напаѓачот можеше да забележи
и хет-трик откако во финишот на мечот Манчестер јунајтед доби пенал.

Сепак, Пол Погба,
кој е прв пеналџија,  не дозволи друг да
ја изведе најстрогата казна и промаши. Па Белгиецот му се налутил на својот
пријател и според пишувањата на „Сан“, двајцата имале жестока расправија во
соблекувалната.

Весникот вели
дека Лукаку го потсетил Погба дека постојано му давал поддршка во тешкиот
период под водство на Жозе Мурињо, кога Французинот постојано дремеше на клупа.

Тој исто така му
порачал дека доколку ситуацијата била обратна, со задоволство ќе му оставел да
изведе пенал за да комплетира хет-трик.

Во расправијата
се појавило и името на Мохамед Салах, Лукаку го земал однесеувањето на
Египјанецот како пример, и како тоа Мо се откажал од должноста да изведува
пенали на мечот со Арсенал за Фирмино да стигне до хет-трик. Напаѓачот сметал
дека Погба требал да го стори истото против Саутемптон.

„Сан“ додава дека
на крајот морал да реагира Оле Гунар Солскјер и да го смири дуото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани