Луис Енрике втора сезона по ред му ја носи титулата во Лигата на шампионите на ПСЖ, шпанскиот стратег е најдобриот во историјата на францускиот клуб.
Во финалето не беше лесно, ПСЖ речиси и да не создаде голема шанса за гол, но благодарение на пенал кој го направи Москера, а го реализираше Дембеле, се спасија од пораз, а потоа на пенали дојдоа до триумф.
„Мислам дека заслуживме да победиме. Ниту еден тим не заслужи да го загуби овој меч, но ако ја анализираме целата сезона и сите тешкотии со кои се соочивме во Лигата на шампионите со распоредот кој го имавме, мислам дека заслуживме да ја освоиме втората титула во Лигата на шампионите“, рече Луис Енрике по натпреварот.
„Мислам дека игравме подобро во второто полувреме, но кога ќе се соочите со тим како Арсенал кој се брани перфектно во низок блог и е многу силен физички и тактички, многу е тешко да ги пробиете“.
„Секогаш кога имаше прекин за нив, се соочувавме со најсилниот тим во светот за прекини, ја чувствувавме таа опасност“.