124
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ја прокоментира одлуката да го отстрани Усман Дембеле од тимот поради прекршување на тимски правила.
Дембеле не е дел од тимот на ПСЖ кој утре ќе игра против Арсенал во Лигата на шампионите, причината е одлука на тренерот Луис Енрике. Шпанскиот стратег го отстранил фудбалерот поради дисциплински мерки.
„Не сакам да правам сага од ова, едноставно имаше проблем со почитувањето на неговите обврски кон тимот. Го сакам најдоброто за тимот и затоа го изоставив од тимот. Немало кавга меѓу мене и Дембеле“, вели Луис Енрике.
„Доколку некој не ги почитува тимските правила, тоа значи дека не е подготвен за клучна недела како оваа“.