Луис Енрике: Ние сме од селска лига? Елиминиравме четири тима од Англија!

by riste
0 минути читање

ПСЖ вчера го елиминираше Арсенал и се пласираше во големото финале од Лигата на шампионите каде против Интер ќе се бори за големиот трофеј.

На патот до трофејот ПСЖ го победи Манчестер Сити (во групната фаза), а потоа ги елиминираше во нокаут рундата Ливерпул, Астон Вила и Арсенал.

Често се зборува дека ПСЖ настапува во „селска“ лига па затоа лесно станува шампион во Франција. Луис Енрике имаше што да каже за ова.

„Ги победивме сите четири екипи од Премиерлигата, па кој е селска лига? Ние сме селска лига, затоа ги победивме“, рече Луис Енрике.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани