113
Шпанија го доживеа првиот пораз по две години и тоа од Украина на која и недостасуваа дури 14 фудбалери, половина од нив беа повредени, а половина позитивни на ковид-19.
Шпанците беа подобар тим, но не успеаа да дадат гол од создадените шанси, на крајот беа казнети, а при голот на Украина, Де Хеа беше истрчан повеќе отколку што треба.
Луис Енрике застана во одбрана на Де Хеа, вели дека ако голманот се обвинува и на меч како тој со Украина, тогаш подобро е да изгасат светли и да си одат од пресот.
„Секогаш може подобро, но постојано да го обвинувате Де Хеа, веќе ви станува лоша навика“, вели Луис Енрике.
„Ако Давид го обвинувате и за меч како овој, да изгасиме светло и да си одиме“.