Луис Енрике: Дајте му ја Златната топка на Дембеле само за дефанзивата која ја одигра во финалето!

by riste
1 минути читање

Усман Дембеле се промовира во еден од главните кандидати за Златната топка, а по вчерашното финале Луис Енрике му даде поддршка.

Луис Енрике во минатата сезона му потенцираше на Килијан Мбапе колку е важно да игра добро и во дефанзива.

За разлика од Мбапе, Дембеле многу подобро го сфаќа и го слуша Енрике, а тоа е една од причините поради која ПСЖ имаше совршена сезона вклучувајќи го трофејот од Лигата на шампионите.

„Начинот на кој се бранеше вечерва… само поради тоа ја заслужува Златната топка. Ова е начинот на кој го предводите тимот со голови, титули, лидерство, одбрана, како тој врши пресинг…“, вели Луис Енрике.

„Дембеле е мојата Златна топка, немам сомнеж во тоа“.

Видео кога Луис Енрике му објаснуваше на Мбапе колку е важно да игра и дефанзива:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани