Лудило и преплавен терен, фудбалската гордост на Хамбург се врати во германската елита!

by 24 фудбал
1 минути читање

Многу љубители на фудбалот го чекаа овој момент – Хамбургер конечно се врати во германската фудбалска елита!

По цели седум години минати во Цвајта, славниот клуб од најголемото германско пристаниште се избори за камбек во Бундеслигата на спектакуларен начин – со убедлива победа од 6-1 над Улм, пред речиси 60.000 гледачи на „Фолкспарк стадион“!

Хамбургер остана на првото место на табелата и го потврди директниот пласман во елитата, а во последното коло против Гројтер Фирт ќе игра за заверка на шампионската сезона. Многу блиску до Бундеслигата е и Келн – на „јарците“ им треба само бод во последното коло за и математички да обезбедат промоција.

По последниот свиреж на судијата, десетици илјади навивачи на Хамбургер излетаа на теренот и славеа со своите херои. Радоста беше неизмерна – солзи радосници, песни и сцени кои долго ќе се паметат.

Се ближи крајот на сезоната во Цвајта, а Германија повторно ќе го гледа ХСВ меѓу најдобрите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани