Луческу потсети како му дал шанса на Пирло во Бреша: Почувствував дека во него има голем шампион

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Динамо Киев, Мирчеа Луческу вели дека се борел за Андреа
Пирло да биде претставен во светот на фудбалот како што на крајот излезе во
кариерата со легендарниот Италијанец.

Вечерва обајцата
ќе се судрат во Лигата на шампионите, но како тренери, во октомври 1995.
година, Луческу го извади од игра Клаудио Лунини, менувајќи го со тогаш младиот
Пирло, по што почна успехот на поранешниот фудбалер од средниот ред кој денес е
шеф на стручниот штаб на Јувентус.

Секогаш одев на
тренинзите на младинскиот погон во Бреша за да бидам во тек кој има потенцијал
во својата кариера, веднаш го почувствував талентот на момчето кое имаше
неверојатен допир со топката, брзо увидов дека во него има еден голем шампион

вели Романецот кој 25 години подоцна сега ќе ги одмери силите со колегата од
спротивниот табор во првото коло од Лигата на шампионите.

Се сеќавам на
турнирот Вијареџо, Андреа беше таму, меѓутоа не доби прилика за настап, јас бев
токму поради него, да го следам неговото издание, увидов дека е видно
разочаран, го вратив со мојот автомобил, патувањето траеше три часа, се обидов
да му дадам надеж, почнав да го повикувам за првиот тим, секогаш го сакав
покрај нас, во составот на сениорите
“ додава Луческу.

Го штитев
постојано, сакав да израсне во таков талент, на крајот, шампионот излезе од
него, најмногу, благодарение на него
“ заклучи предводникот на Украинците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани