ЛШ: ПСЖ и Челси ја оправдаа фаворитската улога против Башакшехир, односно Краснодар (ВИДЕО)

by
2 минути читање

ПСЖ и Челси важеа
за апсолутни фаворити на гостувањата кај Истанбул Башакшехир, односно
Краснодар, па така фаворитите ја оправдаа својата улога откако обезбедија
сосема очекувани триумфи, први за нив во групите од Лигата на шампионите
сезонава.

ПСЖ славеше со
0-2 кај Истанбул Башакшехир, а головите за францускиот првак ги постигна Моисе
Кин, најпрво во 64., а потоа во 79. минута, сепак, останува голема дилема околу
повредата на Нејмар кој мораше да го напушти теренот уште во 26. минута.

Со ова, ПСЖ дојде
до првата победа во групата „Х“ откако во првото коло загуби на свој терен од
Манчестер јунајтед, за Башакшехир пак, ова е втор пораз по оној кај Лајпциг.

Челси славеше
убедливо со 0-4 на гостувањето кај Краснодар иако Премиерлигашот не тргна онака
како што посакуваше откако Жоржињо во 14. минута промаши во ударот од белата
точка, сепак, Хадсон-Одои во 37. минута го доведе фаворитот во почетно водство.

Во второто
полувреме Вернер од пенал во 76. минута веќе зголеми на 0-2, а на 0-3 зголеми
Зијеш само три минути подоцна. Конечните 0-4 ги постави Пулишиќ во 90. минута
од средбата.


Ова е прва победа
за Челси во групата „Е“ по ремито со Севилја на домашен терен, за Краснодар прв
пораз по ремито кај Рен.

Со почеток од 21
часот се играат и останатите пресметки со што ќе се заокружи второто коло
:

Борусија Дортмунд
– Зенит

Бриж – Лацио

Ференцварош –
Динамо Киев

Јувентус –
Барселона

Манчестер
јунајтед – Лајпциг

Севилја – Рен

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани