Лошото време и цврстите стартови во Премиерлигата го бркаат Хамес Родригез од Евертон?!

by
1 минути читање

Хамес Родригез минатото
лето го напушти Реал Мадрид и потпиша за Евертон, Колумбиецот се прикажа во
одлично светло на почетокот од сезоната и како големо засилување за
„карамелите“.

Но неговата
авантура во Мерсисајд може да биде кратка, се шпекулира дека тој размислува да
си замине по само една година, лошото време и цврстите стартови во
Премиерлигата го бркаат од „островото“.

Сепак, Карло
Анчелоти вели дека Хамес Родригез е среќен.

„Хамес е добро,
нема проблеми, разговарам со него секој ден. Среќен е тука, мотивиран е. Имаше
ситни проблеми на последните неколку натпревари со листот на ногата, но сега е
целосно фит“
– вели тренерот на Евертон.

„Не знам дали се
жали за времето и климата, точно е дека тие не се најдобри, но има многу други убави
работи во овој град“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×