Лоши вести за Манчестер јунајтед, на Гризман не му се допаѓа лошото време и дождот на „Островото“

by
2 минути читање

Се шпекулира дека
Французинот летоска ќе биде големо засилување за Манчестер јунајтед, наводно
„Црвените Ѓаволи“ веќе се договориле со играчот и ќе ја платат откупната
клаузула вредна 100 милиони евра.

Сепак, самиот
Антоан Гризман сега фрла сомнеж врз една ваква зделка. Тој е загрижен поради
лошото време и дождот и преферира да игра во Шпанија.

„Кога бев во Реал
Сосиедад, почуствував дека треба да заминам
– вели Гризман во разговор со Радио Монте Карло.„Во моментов,
немам таква желба
.

„Кој знае како ќе
заврши сезоната. Доколку заврши лошо, можеби ќе си го поставам прашањето
”.

„Исто така, треба
да се запрашам и каде би можел да отидам. Во Шпанија, опции се Барселона и Реал
Мадрид
.

„Но Барса во форот
има тројца одлични играчи. Во Реал Мадрид е невозможно да отидам поради клубот
за кој настапувам. Мислам дека помеѓу двете страни има пакт да не се купуваат
играчи
.

„Германското
првенство не ме привлекува, во моментов истото важи и за Франција
.

„Кога е во прашање Англија, имам
големи сомнежи за мојот приватен живот. Многу прашалници за дождот, лошото
време… Важно ми е да се чуствувам среќен и надвор
.

„Ми се допаѓа
интензитетот на првенството во Англија, да ги гледам нивните натпревари, но ако
треба да изберам, ќе го одберам првенството на Шпанија, ми одговара на стилот
на игра
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани