Лопетеги вечер ќе ја каже својата страна од приказната, Реал ја закажа презентацијата на новиот тренер

by
1 минути читање

Хулен Лопетеги ја
однесе Шпанија на светско но нема да ја предводи „Фуријата“ во Русија и мундијалот
ќе го следи од дома откако вчера федерацијата донесе шокантна одлука и му врачи отказ на еден ден
пред почетокот на СП 2018.

Луѓето од ФФШ беа
гневни поради тоа што беше објавено дека тој се договорил со Реал Мадрид да го
наследи Зинедин Зидан на кормилото на Сантијаго Бернабеу. Наводно преговорите
се воделе во тајност а претседателот бил известен пет минути пред „Кралевите“
да го испратат соопштението.

Иако имаше
закажана прес конференција за вчера, стратегот не се појави пред новинарите во Краснодар, само си ги спакува куферите и замина за Мадрид. Тој сепак вечерва ќе може да ја
каже својата страна од приказната.

Шампионот на Европа реши да не губи многу време и во 19 часот закажа средба со медиумите на
која ќе го промовира Хулен Лопетеги за нов тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани