Лопетеги: Бејл и Бензема тренираат како деца

by
1 минути читање

Засега
заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид не влијае во играта на европскиот првак,
Лопетеги ги издвои Бејл и Бензема за кои потенцираше дека тренираат како деца,
мислејќи дека во нив има голем ентузијазам, тој додаде дека единствено нешто
што се променило од неговото доаѓање е зголемената мотивација кај фудбалерите.

Тие се како деца
на тренинзите, многу ентизујастички им пристапуваат
“ истакна Лопетеги.

Никој не се
сменил досега (од неговото доаѓање), зборуваме за фантастични фудбалери, едни
од најдобрите во светот, можеби разликата е во тоа што нивната мотивација се
подобрува од ден на ден
“ додава шефот на стручниот штаб на Кралевите.

Тој се осврна и
на тоа дали во тимот недостасува Роналдо, во однос на тоа истакна дека
заминување на еден фудбалер не би сменило ништо во фактот дека Реал Мадрид е
одличен тим.

Ние сме еден
одличен тим, не постои сомневање во тоа, заминувањето на еден фудбалер (Кристијано
Роналдо) не би сменило нешто во однос на тоа дека сме одличен тим
“ заврши
Лопетеги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани