144
Ливерпул силно притиска за ангажман на Флоријан Вирц и е подготвен да плати 150 милиони евра за ангажман на офанзивниот фудбалер, кој прво сака да разговара уште еднаш со Баерн Минхен.
„Црвените“ се подготвени да влезат „ол-ин“ за ангажман на Флоријан Вирц, како што пренесува новинарот Кристиајн Фалк, клубот од Енфилд притиска силно за ангажман на Германецот и е подготвен да плати 150 милиони евра.
Сепак, пред Флоријан Вирц да донесе одлука, сака уште еднаш да седне на разговор со раководството на Баерн Минхен.
Останува да се види каква ќе биде неговата одлука, но за очекување е ова да биде еден од најголемите трансфери во летниот преоден рок.