Ливерпул стравува дека Клоп ќе замине, „црвените“ веќе ја пикирале неговата замена

by
0 минути читање

Ливерпул оваа сезона игра под очекувањата, па често се шпекулира за заминување на Јирген Клоп. Неодамна, Билд објави дека има двојно поголеми шанси стратегот да ја превземе репрезентацијата на Германија отколку во целост да го одработи договорот со „црвените“.

Според пишувањата на Мирор и раководството на Ливерпул стравува дека Јирген Клоп ќе го напушти клубот за да седне на кормилото на „панцерите“.

Па тие веќе го пикирале Стивен Џерард како негова замена. Легендата на Ливерпул има одлична сезона со Ренџерс и е на прагот на титулата во Шкотска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани