70
Главниот дефанзивец на Ливерпул, Ван Дајк на 17 октомври заработи тешка повреда по еден старт врз него на голманот на Евертон, Пикфорд. Тој ги оштети вкрстените лигаменти. Денеска во Лондон му беше извршена операција.
„Планираната операција за дефанзивецот на Ливерпул се случи во Лондон, беше успешно направена. Ван Дајк веднаш ќе се фокусира на почеток на рехабилитацијата со наша поддршка. Нема определено датум за негово враќање на теренот“, стои во соопштението на клубот.
Се очекува Ван Дајк да го пропушти остатокот од сезоната, евентуално да се врати на последните неколку натпревари.