221
Ливерпул пак си
имаше мака со ВАР, но за разлика од дуелот со Евертон, избраниците на Клоп
вечерва го совладаа Шефилд јунајтед.
Гостите поведоа
со гол од пенал. Судијата досуди прекршок на врвот од шеснаесетникот за старт
на Фабињо, но со прегледување на снимките, ВАР советуваше одлуката да се
преиначи во најстрога казна а Берге погоди од белата точка за 0-1.
Пред крајот на
првиот дел, Фирмино изедначи на 1-1, напаѓачот прв стигна до одбиената топка и
рутински реализираше.
Салах во 62. минута
погоди за 2-1, но голот беше поништен со помош на ВАР поради офсајд.
Сепак, две минути
подоцна, Мане нафрли а Жота со глава ја затресе мрежата за водство на Ливерпул.