Ливерпул остана без капитенот пред мечот со Лестер

by
0 минути читање

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон нема да биде во комбинација за вечерашниот важен меч против Лестер откако го повредил стапалото на тренинг.

За среќа на Ливерпул, деталните прегледи покажале дека нема скршеница, но Хендерсон ќе треба да паузира одреден период.

Покрај мечот со Лестер, прогнозите велат дека ќе го пропушти и дерби натпреварот против Арсенал кој се игра во сабота на Енфилд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани