Ливерпул нема да ги пушти играчите да играат за репрезентациите кои се во црвената зона

by
1 минути читање

ФИФА им дозволи на клубовите да може да им забранат на играчите да играат за своите репрезентации, а Ливерпул тоа ќе го искористи.

Играчите кои се враќаат од земјите кои се на црвената листа во Велика Британија, ќе треба да одат прво во карантин, а тој им создава проблем на клубовите.

Поради тоа Ливерпул нема да ги пушти Садио Мане, Небу Кеита, Алисон, Роберто Фирмино, Фабињо и Диего Жота, бидејќи Сенегал, Гвинеја, Бразил и Португалија се дел од црвената листа.

„Мислам дека сите ќе се сложат дека ние не можеме да ги пуштиме фудбалерите да играат за своите земји и да се вратат во карантин 10 дена во хотел, не можеме тоа да го направиме“, вели Клоп.

„ФИФА кажа јасно дека ние не мора да ги пуштиме фудбалерите овој пат, и мислам дека сите клубови кои го имаат истиот проболем ќе се сложат дека не можеме туку така да ги пуштиме момците да одат“.

„Невозможно е да чекаме десет дена фудбалерите да бидат во карантин во хотел и ние да не сметаме на нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани