Ливерпул ќе има бурен преоден рок, на листата со желби се: Грилиш, Халанд, Фати…

by
1 минути читање

Стен Колимор кој е поранешен играч на Ливерпул, а сегашен фудбалски критичар, вели дека Клоп веќе има составено листа со желби за летниот преоден рок.

Иако се повреди клучниот играч од одбраната, Вирџил ван Дајк, Ливерпул има проблем со давање голови, па офанзивната линија би требало да претрпи промени.

„Халанд, Грилиш, Фати, Мајрон Боаду се на листата на желби на Клоп која е поголема“, вели Колимор.

Јасно е дека Ливерпул не може да ги купи сите овие играчи, но раководството на клубот ќе се обиде да му оствари некоја од желбите на Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани