Ливерпул ја наполни мрежата на Вест Хем и дојде на чекор до Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул освои три големи бода кои веројатно ќе значат пласман во Лигата на шампионите, „црвените“ на Јирген Клоп со убедливи 4-0 победија на гостувањето кај Вест Хем.

Натпреварот беше динамичен со многу шанси, пречки, стативи и четири гола, сите во мрежата на домаќинот. 

Стариџ го отвори резултатот во првото полувреме, Кутињо постигна два погодоци во вториот дел, а конечниот резултат го постави Ориги на 15 минути до крајот на мечот.

Ливерпул има уште еден натпревар во Премиерлигата, игра на Енфилд против Мидлсборо и со победа ќе се пласира во Лигата на шампионите.

Денеска Хал испадна од Премиерлигата откако со 4-0 загуби на гостувањето кај Кристал Палас. Тие им се приклучија на Мидлсборо и Сандерленд кои претходно ги загубија сите шанси за опстанок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани