Дербито на
Мерсисајд заврши со триумф на Евертон. Избраниците на Карло Анчелоти ја
искористија слабата форма на Ливерпул во Премиерлигата и за прв пат по 22
година триумфираа на Енфилд.
Ришарлисон го
отвори резултатот веќе во 3. минута, Бразилецот доби топка од Родригез и го
матираше Алисон за 0-1.
Ливерпул се
обидуваше да се врати во игра, особено притисна во второто полувреме,
„црвените“ креираа неколку шанси но Пикфорд бранеше се.
Откако домаќините
не ја искористија иницијативата, Ришарлисон отвори контра го проигра Калверт
Луин, напаѓачот биеше, Алисон одбрани, настана мешаница кој прв да стигне до
топката а судијата покажа на белата точкa. Ситуацијата беше сомнителна со оглед на тоа дека
Александер Арнолд се лизгаше по тревата а Калверт Луин беше тој кој го удри во
главата и се сопна, судијата прегледуваше со ВАР но остана на одлуката.
Сигурдсон ја
превзеде одговорноста и го совлада Алисон за 0-2 и голема радост.