Ливерпул го прегази Тотнем и ја потврди титулата во Премиер лигата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ливерпул и официјално е новиот шампион на Премиерлигата, откако вечерва на „Енфилд“ го декласира Тотнем со убедливи 5-1, во натпревар од 34. коло.

Гостите од Лондон најпрво ги изненадија „црвените“ и поведоа преку Соланке уште во 12. минута, но тоа само го разбуди тимот на Арне Слот кој возврати со три гола за неполни 20 минути – Диаз, Мекалистер и Гакпо беа прецизни од 16. до 34. минута за целосен пресврт и водство од 3-1.

На стартот од вториот дел Мохамед Салах ја продолжи голеадата, а убедливата победа на Ливерпул ја комплетираше Удоги со автогол во 69. минута.

Со оваа победа, Ливерпул стигна до 82 бодови и на четири кола до крајот има недостижна предност од 15 бода пред Арсенал. Зад нив се редат Њукасл со 62, Манчестер Сити со 61, додека Челси и Нотингем Форест имаат по 60 освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани