Ливерпул го потврди првото засилување за Ираола, го украдоа од пред носот на Њукасл

by bojan
1 минути читање

„Црвените“ вечера го потврдија трансферот на Виктор Муњоз од Осасуна, младиот Шпанец е првото засилување за Андони Ираола ова лето.

Ливерпул изненади со првото засилување за новата сезона, на Енфилд пристигнува Виктор Муњоз од Осасуна.

Офанзивниот фудбалер со недели се најавуваше како нов играч на Њукасл и замена за Ентони Гордон, но „црвените“ успеаја да го украдат од пред носот на својот ривал.

Клубот од „Енфилд“ се сложи да ја плати откупната клаузула од 40 милиони евра и за кратко време ја комплетираше зделката.

Барселона исто така изрази желба да го ангажира Виктор Муњоз ова лето, но зделката практично беше невозможна бидејќи Реал Мадрид го имаше последниот збор, и „кралевите“ во никој случај не помислуваа да дозволат лутиот ривал да го ангажира младото момче.

Токму и „кралевите“ добро ќе се офајдат од овој трансфер, односно ќе добијат 50% од сумата која Ливерпул ќе ја плати на Осасуна, или 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×