Ливерпул фрли во вода 50 милиони фунти?!

by
1 минути читање

„Црвените“ потрошија околу 50 милиони фунти за во Киркби да изградат нов модерен тренинг центар во кој има три терени со големина како оној на Енфилд, две теретани, базен, простории за хидротерапија и специјализирана спортска рехабилитација.

За прв пат фудбалерите од академијата и првиот тим ќе бидат смесни заедно и „црвените“ се надеваа дека сето ова ќе помогне младите играчи да бидат инспирирани и понапорно да работат да си го остварат сонот да заиграат за сениорите.

Четата на Јирген Клоп се всели во новиот комплекс минатата година во ноември но за кратко време настана проблем.

Неколку извори од Англија пренесуваат дека фудбалерите на Ливерпул го мразат новиот тренинг во Киркби и бараат да се вратат во старата база во Мелвуд.

Ѕвездите на Ливерпул сметаат дека дува премногу ветер во Киркби и поради тоа нема добри услови за работа.

Ниту резултатите не се на посакуваното ниво по преселбата во Киркби, „црвените“ имаат дури 7 порази на 13 натпревари и ризикуваат да останат без топ 4 пласман и настап во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани