Ливерпул еден час го кршеше отпорот на младинците на Астон Вила, а потоа дојде до убедлив триумф (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сите играчи на Астон Вила кои имаа контакт со првиот тим, како и стручниот штаб се во изолација поради голем број на позитивни случаи на ковид-19. Па на денешниот меч настапија со комплетно нова постава составена од играчи кои играат во У23 и У18.

Натпреварот почна одлично за Ливерпул, Мане уште во четвртата минута погоди преку Мане за 1-0. Во тие моменти се чинеше дека лесно ќе дојдат до триумфот.

Но младите момци на Астон Вила пружија отпор, на четири минути до крајот на првото полувреме преку 17-годишниот Бери дојдоа до изедначување.

Ливерпул се мачеше да го врати водството, тоа конечно се случи во 60. минута кога по асистенција од Минамино, Вајналдум погоди за 2-1.

Веднаш потоа реализираа и Мане и Салах за конечна победа од 4-1.

Во следното коло од ФА Купот се пласира и Вулвс кој со гол на Траоре со 1-0 славеше над Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×