Ливерпул е во криза, Јирген Клоп не е подобар од Брендан Роџерс

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа одигра уште еден лош натпревар и доживеа нов пораз, загуби на гостувањето кај Лестер со 3-1.

Статистиката вели дека по 55 натпревари во Премиерлигата како менаџери на Ливерпул, Брендан Роџерс освоил 97 бодови, додека Јирген Клоп 94.

Клоп не е подобар од Роџерс кој за раководството и навивачите не беше доволно добар. Се чини дека засега харизмата која ја има германскиот стратег е главната причина што неговата позиција изгледа сигурно и покрај тоа што резултатите не се какви што посакуваат сите во Ливерпул.

Ливерпул во 2017 изгледа очајно. Има одиграно 12 натпревари на кои доживеал дури шест порази, четири завршиле нерешено и само два пати се радувал на победа. Примил 16 голови, дал 11.

Причина повеќе за критика кон Ливерпул е фактот дека тимот не настапува во Европа, па може комплетно да се фокусира на натпреварите од Премиерлигата, има доволно време за подготовка за секој следен меч, но засега изгледа дека тоа не го користи.

Шанса за поправен има веќе во сабота и тоа во голем дерби натпревар. На Енфилд пристигнува Арсенал, меч кој ќе биде директен дуел во битката за место кое води во Лигата на шампионите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани