652
Трансфер пазарот е отворен до 5. октомври, но Барселона и Арсенал ќе треба да побрзаат доколку сакаат да го купат Мемфис Депај, односно Усем Ауар.
Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола вечерва испрати ултиматум и постави рок до петок.
„Оние кои нема да заминат до петок, ќе останат во Лион. Нема да го чекаме крајот на трансфер пазарот“ – порача првиот човек на Лион.
Ола вчера изјави дека понудата на Арсенал за Ауар не е доволна, а претходно откри дека Барселона нема пари за Депај и нема доставено понуда.
„Каталонците“ изминативе денови успеаја да се ослободат од неколку играчи, па останува да се види дали ќе тропнат на вратата на Лион.