Лион се огласи за Фекир

by
1 минути читање

Повеќе медиуми од
Англија, како и Франција пренесоа дека Ливерпул и Лион наводно си подале рака
за реализација на долго најавуваниот трансфер на Набил Фекир на Островот.

РМЦ отиде до таму
што дури пренесе дека Фекир веќе ги минал медицинските прегледи утрово, а сега
ги чека резултатите пред официјалната промоција.

Сепак, од
францускиот прволигаш испратија соопштение до јавноста, во кое наведоа дека
информациите за трансферот на Фекир не се точни, наведоа дека само информации
соопштени од клубот се веродостојни.

Информациите за
трансфер на Фекир не се точни, Лион категорично ги отфрла лажните информации
објавени од многу медиуми за трансферот на Набил Фекир во Ливерпул
“ реагираа од
Лион.

Во овој период
на трансфери каде одредени шпекулации се презентирани како реалност, Лион
потсетува дека само информациите објавени од клубот се автентични
“ додадоа од
францускиот прволигаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани