Линколн за историја, Челси без проблеми, Сити на поправен (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Лидерот во
Премиерлигата нема настап во Европа, па Антонио Конте со силен состав му се
спротивстави на Вулверхемптон.

Челси можеби не
одигра брилијантно, но доволно за да се пласира во четвртфиналето.

Педро во 65.
минута го скрши отпорот на домаќините а во завршните мигови од средбата, Коста
ги постави конечните 0-2.


All Goals & highlights – Wolves 0-2 Chelsea… by mohtv

Јунаци на денот
сепак се играчите на Линколн, тие успеаа да го шокираат Барнли со 0-1 и да
станат првиот нисколигаш кој по 103 години обезбедил четвртфинале во ФА Купот.

Манчестер Сити
пред своите фанови ќе треба да игра реванш против Хадерсфилд откако денешниот
натпревар заврши 0-0.

Милвол со 1-0 го
елимираше шампионот Лестер, а Мидлзборо со 3-2 славеше над Оксфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани