Лидс се подготвува за можно заминување на Биелса

by
1 минути читање

Биелса го врати Лидс во Премиерлигата, клубот игра возбудлив и допадлив фудбал, резултатите се одлучи, тие се надвор од опасната зона.

Актуелниот договор на Биелса со Лидс истекува со крајот на оваа сезона, а се уште е нејасно дали тој ќе си замине или ќе остане во клубот.

„Марсело знае дека ние сме среќни со него. Би биле навистина презадоволни доколку одлучи да остане“, вели сопственикот на клубот, Андреа Радрицани.

„Фудбалерите го сакаат и тоа ми е најважниот елемент. Дали ќе продолжи зависи од него, ние чекаме на неговата одлука“.

„Но за секој случај, јас и Виктор Орта веќе ги анализираме опциите во случај Марсело да не сака да остане со нас“.

„Се надеваме дека тој ќе продолжи, но за секој случај го подготвуваме клубот и за негово заминување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани